КК Куманово: Шокирани сме од наводите во врска со заминување на нашите играчи

Сподели со своите пријатели

Шокирани сме од невистинити наводи на одредени портали во врска со заминување на наши играчи во други клубови во лигата, велат преку соопштение од Управата на Кошаркарскиот клуб Куманово, а по повод написи на неколку интернет портали.

Loading...

– КК Куманово како клуб со голема традиција на Македонската и регионалната кошаркарска сцена е шокиран од наводите на поедини портали во врска со заминување на нашите играчи во други клубови од нашата лига.  Ние најостро ги демантираме овие информации и ги отфрламе како невистинити. Клубот смета на сите играчи од ростерот, не само во трите преостанати натпревари, туку и до крајот на тековната сезона. Исто така сме изненадени од наводите дека клубот нема шанси за 6-то место кое обезбедува продолжување на натпреварувањето во Суперлига. Не сакаме да веруваме дека сите овие информации се пласирани намерно пред одлучувачките натпревари за влез во Суперлигата, туку дека се производ на неинформираност на поединци, кои што во иднина би требало да ги проверат информациите директно во клубот, кој што секогаш бил подготвен да ја информира кошаркарската јавност најтранспаретно за случувањата во клубот, стои во соопштението на Управата на КК Куманово.

Leave a Reply