КК Куманово пред празни трибини го пречекува Гостивар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Гостивар во рамките на 16 коло од домашниот шампионат.

Loading...

Натпреварот ќе се одигра пред празни трибини откако таква одлука донесе Кошаркарската федерација, во согласност со препораките на Владата за заштита од коронавирусот.

Иако гостите влегуваат како фаворити во мечот, сепак победата нема да има особено значење за двата состави, со оглед дека до крајот на регуларниот дел остануваат уште два натпревари, а Куманово и Гостивар веќе обезбедија пласман во Суперлигата.

Мечот стартува во 18 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Никола Ивановски


Leave a Reply