КК Куманово повторно изгуби од Работнички (фото)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на КК Куманово повторно изгубија од Работнички(68-82), овој пат на домашен терен. Тимот на гостите имаше самоуверен старт остварувајќи предност од 12-28 во првите 10 минути. „Сино-белите“ се трудеа да се вратат во игра но, трудот не резултираше со успех. Моментално во полуфиналната серија која се игра до три победи Работнички води со 2:0.

Loading...

Од составот на КК Куманово најефикасен беше Јанески со 17 поени и го следеше Стајиќ со 10 поени. Додека најдобар поентер кај Работнички беше Чавдар Костов со 20 поени, Маркус Гинјард заврши со 16 поени, додека Шон Еванс беше стрелец на 16 поени.

Во вторник во „Градски парк“ ќе се одигра и третиот меч од полуфиналната серија кој воедно може и да е последен.

Loading...

Leave a Reply