КК Куманово попладне го пречекува составот на КК Струмица

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска со почеток во 17 часот на домашен терен го пречекуваат составот на КК Струмица, натпревар со кој ќе се отвори 15. коло од домашниот шампионат.

Кумановци се убедливи фаворити на мечот и се очекува да триумфираат со што ќе ја зацврстуваат можноста за учество во плеј-оф завршницата од сезоната. На мечот се очекува поголема минутажа повторно да добие подмладокот на тимот, кој прикажа извонредна игра на средбата со Карпош Соколи минатата недела.

Досега избраниците на Александар Петровиќ бележат 9 победи од 14 одиграни натпревари, додека Струмица има само два добиени натпревари од почетокот на сезоната.