КК Куманово маестрално го победи синиот сокол (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 73:57 кошаркарите на Куманово на домашен терен ги совладаа противниците од Карпош Соколи во рамките на четвртиот натпревар од полуфиналните двојки, а на кумановската неколкуилјадна публика им приредија вистински спектакуларен натпревар.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”361″]

 

Кумановци добро го започнаа мечот со предност од 7 поени за неполни две минути, но потоа гостите го намалија раздорот во резултатот. Сепак на почетокот на втората четвртина Трајковски и Симоновски со серија од 12:0 го наполнија кошот на противникот, а оваа разлика на крај беше намалена на само неколку поени што за публиката претставуваше стрес меч, но сепак тројките на Мандиќ обезбедија Куманово да отиде далеку пред противникот, па последните две минути мечот го заврши подмладокот на тимот.

Александар Костоски оствари дабл-дабл од 10 поени и 11 асистенции, но најдобар сепа е Симоновски со 23 поени, а веднаш зад него Трајковски со 15 и Мандиќ со 12, од кои девет од три тројки.

Последниот петти меч или мајсторката по која  ќе биде познат противникот на МЗТ во финалето ќе се игра утре во салата Борис Трајковски.