КК Куманово и Берое утревечер во борба за прво место во табелата

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утревечер на домашен терен со почеток во 19 часот ги пречекуваат кошаркарите на бугарскиот Берое во рамките на четвртото коло од БИБЛ лигата.

КК Берое се наоѓа на самиот врв во А групата од Балканското првенство со 7 поени, односно 3 победи, а 1 пораз, додека на второто место е КК Куманово со 3 победи и шест поени.

Според сите најави, претстојниот викенд би требало да започне и домашното кошаркарско првенство, каде првиот меч Куманово би требало да го одигра против КК Работнички, но засега нема ништо официјално.