КК Куманово гостува кај Фени Индустри

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва во рамките на четвртото коло од домашната супер лига гостуваат во Кавадарци каде ќе ги одмерат силите со Фени Индустри.

Значаен меч за избраниците на тренерот Марјан Србиновски поради фактот дека од три одиграни натпревари имаат само една победа.

Во меѓувреме сино-белите се во исчекување на финалето од БИБЛ лигата, каде треба да се одиграат два натпревари против Берое од кои едниот во Бугарија, а вторито на домашен терен.