КК Куманово го совлада составот на КК Струмица (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вчеравечер на гостински терен ја впишаа десетатта победа по ред во домашниот кошаркарски шампионат, откако со резултат 79:62 го совлада составот на Струмица.

 

Loading...

 

Кумановци како фаворити влегоа во мечот, а таквата улога ја оправдаа уште од самиот старт кога направија водство од 9:0, а првите десет минути ги завршија со резултат 24:17.

 

 

Откако одлично ја заврпија и втората четвртина и на полувреме заминаа со резултат 41:28, ги совлада уморот и падот на концентрацијата допринесе пад и во играта по почетокот на вториот дел од средбата, кога домаќините огромното водство го намалија на само еден поен разлика, односно резултат 55:54, благодарение на 12те поени повеќе кои ги остварија во третата четвртина.

 

Loading...

 

Но, сино-белите на тренерот Марјан Србиновски знаат да се вратат во ритам. Последните 10 минути брилираа во играта, а шанса доби и подмладокот на тимот кој рутински ја одведе екипата на Куманово во нова, десетта победа по ред.

 

 

Маестрален како и секогаш, Данило Мијатовиќ со реализирани 26 поени е стрелецот на мечот, кој реализираше 11 шутеви од поле од 14 обиди. Друштво во најдобро рангираните му прават Миладин Пековиќ со 17 поени, како и Стефан Живановиќ со 15.

 

 

Во составот на Струмица најдобат со 20 поени беше Јокиќ, а 15 впиша Стефановски, три поени повеќе од неговиот соиграч Макенаџиев.

 

Loading...

 

Со оваа победа КК Куманово го зацврстува третото место на табелата од домашниот шампионат со 23 поени, оставајќи ги пред себе Работнички и Фени Индустри.

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...