КК Куманово го пречекува составот на Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре во рамките на третото коло од Кошаркарската супер лига го пречекуваат составот на Карпош Соколи. Мечот ќе започне во 18 часот на апркетот во Спортската сала во Куманово.

Сино-белите на Марјан Србиновски ќе се борат за втора победа, откако до сега имаат реализирано триумф над Кожув и пораз од Работнички.

И Карпош Соколи кои сезонава имаат значително посилен ростер од минатата, но и кумановци кои се поранливи од било кога ќе се борат за нова победа. Од почетокот на лигата, кошаркарите на Карпош Соколи имаат две победи и се второрангирани во табелата, додека на четвртата позиција се наоѓаат кошаркарите на Куманово.