КК Куманово го пречекува МЗТ во вториот полуфинален меч

Сподели со своите пријатели

Вторито полуфинален натпревар во рамките на домашната Супер лига ќе се одигра вечерва помеѓу екипите на Куманово и МЗТ Скопје Аеродром. 

Натпреварот започнува во 19 часот во Спортската сала во Куманово, а скопскиот тим доаѓа со една победа предност, откако во петок го победи кумановскиот состав со 20 поени разлика.

Прв финалист ќе биде оној кој ќе обезбеди три победи во полуфиналните натпревари. Во другата полуфинална двојка предност има Карпош Соколи пред составот на Работнички.