КК Куманово го изгуби првиот финален меч со екипата на КК Берое (Галерија)

Сподели со своите пријатели

Куманово претрпе убедлив пораз од 84-55 од екипата на КК Берое во Стара Загора. Во првите минути од натпреварот Куманово успеа да ги неутрализира самоуверените противници , но веќе по седмата минута резултатот беше 12-9 за Берое.

Loading...

До првата четвртина резултатот беше 21-12 повторно за Берое. Нашите кошаркари немаа среќа во шутот, погодија само еден од десетте упатени шутови од далечина.

Втората четвртина заврши со убедливи 46-25  за Берое. Иако кумановските кошаркари сакаа да се приближан на резултатот на домаќините не успеаја и овој прв меч од финалето заврши со 29 поени разлика за бугарскиот прволигаш.

Димитар Караџовски со 14 поени беше најефикасен во тимот , пред Живановиќ со 13поени , додека Јанески постигна  седум поени. Најдобар поединец во финалето беше Американецот Гибсон во редовите на Берое, кој го заврши  натпреварот со 25 поени, осум скока, четири асистенции и четири украдени топки. Да се надеваме дека ќе имаме повеќе среќа против екипата на Берое на домашен терен.

Loading...