КК Куманово денеска против Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска со почеток во 17:30 часот на домашен терен го играат натпреварот од 16. коло од домашниот шампионат, каде за противник го имаат Кожув од Гевгелија.

Loading...

Екипи кои со 21 бод, моментално ја имаат шестата односно седмата позиција во табелата, денеска ќе се обидат да освојат бод повеќе, во несомнено еден интересен натпревар.

Токму во Кожув играат и дел од поранешните играчи на Куманово, па нема да биде лесно со оглед дека веќе го познаваат кумановскиот терен кој ни малку не е лесен.

Средбата ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Leave a Reply