КК Куманово денеска ја стартува сезоната во домашниот шампионат

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска со почеток во 18 часот на домашен терен го играат првиот натпревар од годинешнава сезона, а за противник го имаат составот на КК Ангели.

Loading...

Куманово досега одигра неколку подготвителни натпревари, а имаше и настап во ФИБА Евро Купот каде претрпе пораз и не ги помина квалификациите, откако загуби од австрискиот шампион Сванс Гмунден.

Мечот против Ангели вечерва се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ при што е дозволено да го следи и публика во салата, но со почитување на сите важечки протоколи за следење спортски настани, односно носење маска и поседување на сертификат за ковид вакцинација.

Никола Ивановски