КК Куманово без сили за Работнички (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово го забележаа првиот пораз сезонава откако на домашен терен беа совладани од составот на актуелниот шампион Работнички со резултат 70:82.

 

Loading...

 

Кумановци добро го започнаа мечо. Во првата четвртина се играше скоро со минимална разлика, но предноста во поголем дел беше за домашниот состав. По само 10 минути игра семафорот прикажа резултат 19:18.

 

 

Втората четвртина исто така мина во знакот на избраниците на тренерот Александар Петровиќ па Куманово на полувреме водеше со 42:39.

 

Loading...

 

Вториот дел од средбата донесе пресврт во резултатот, иако кумановци се мачеа да остварат предност пред ривалот од Градски парк кој минатата година по 11 победи „падна“ во Куманово, сепак далеку поискусните играчи на Марин Докузовски ја презедоа иницијативата и ги искористија техничките грешки на противникот.

 

 

Се до последните пет минути Куманово имаше квалитетна игра, односно се играше кош за кош со актуелниот шампион, за да на крајот Игор Пенов по пет лични грешки заврши на клупата со што ростерот на домаќинот беше ослабнат со висок кошаркар важен за играта.

 

 

Петте минути беа доволни Работнички да направи доволна разлика и триумфира со 70:82.

 

Loading...

 

За пофалбата е играта на младиот Лука Петровски кој со 16 поени е најефикасниот играч на Куманово. Зад него со 13 е Адем Мекиќ, 11 впиша Бранислав Ѓекиќ, а по 10 имаат Игор Пенов и Филип Думиќ.

 

 

Кај победниците со 18 впиша Николовски, 16 Костов, а со 13 поени заврши мечот за поранешниот „кумановец“ Марјан Јанески.

 

 

Loading...

Со првиот пораз сезонава Куманово од втората падна на петтата позиција во табелата, но со ист број поени како трето и четвртопозиционираните МЗТ и Фени, додека Работнички и Блокотехна остануваат на врвот без порази.

 

 

Следниот викенд кошаркарите на Куманово гостуваат кај Кожув во рамките на 5. коло.

Leave a Reply