КК Куманово без сили за Гостивар

Сподели со своите пријатели

Натпреварот во Гостивар беше изедначен само во првиот период, се друго им припадна на домашните кошаркари кои стигнаа до релативно лесна победа која ги држи во горниот дел од табелата во Првата лига.

Loading...

Со скромен ростер, гостите од Куманово беа конкурентни само во првите десет минути на гостувањеово Младост“. Во уводниот дел од мечот гостиварци се стекнаа со минимално водство (19:17).

Но после првите минути во вториот, стана јасно дека гостивар е поквалитетна екипа од онаа која во овој момент ја има Куманово. Како одминуваа мбутите, така растеше и предноста на домашната страна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

До полувремето, Гостивар стигна до двоцифрена позитива од десет поени (43:33).

Во ист ритам домашните кошаркари продолжија и по одморот. Не му дадоа никаква шанса на противикот да се врати назад во натпеварот, напротив.. Изградија уште повиска разлика.

Во 25. минута, водеа со (53:39), потоа имаа и уште повисоки (60:44), за третиот дел да заврши со (62:47). Што е поважно, посебно за тренерот Љупчо Малинков, што веќе четворица играчи имаа десет и повеќе поени, а Корсантиа собра 19 во тие три одиграни четвртини. На другата страна, два помалку релизира Марјановиќ.

На почетокот на последната четвртина гостиварци „отидоа“ и на позитива од 20 поени (67:47), па иако имаше да се доиграат уште цели осум минути, стана сосема јасно беше кој ќе биде победникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

Иако не ги доигра финалните минути, Корсантија застана на скор од 23 поени и 8 скока, Ефремовски имаше добар меч, го заврши со 17 реализации, три помалку даде и Митевски, Жигон имаше 13, а 12 допиша Вучковиќ.

Loading...

Освен Марјановиќ кој финишираше со 19 поени, Рајт додаде 14, Адевунми 12, а Глигоријевиќ 11 поени за составот на Куманово 2009.

По 18.одиграни кола, Гостивар е на ефект (12-6), со кој се врати на делба на третото место (заедно со екипата на ТФТ Mozzart), кое носи предност на домашен терен во четвртфиналето на плеј-офот.

Куманово е далеку назад, за нив ова беше 14. пораз, а имаат само четири победи, за десетто место на табелата пред последните четири круга од регуларниот дел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

КФСМ.мк