КК Куманово активно се подготвува за новата сезона (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово активно се подготвуваат за претстојната сезона со секојдневни тренинзи во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Loading...

 

 

Во сезоната што претстои избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски ќе се натпреваруваат на три фронта, домашното првенство, регионалната БИБЛ лига и ФИБА Еврокупот.

 

 

Loading...

Пртвиот натпревар е на 28ми септември во Холандија, а веќе од следната недела ќе започнат и со подготвителни пријателски натпревари.

 

 

Спортскиот директор на клубот Дарко Спејко, вели дека очекуваат подобар пласман во споредба со минатата година, особено во домашното првенство.

– Мислам дека сме во одлична форма, имаме многу посила екипа од претходната година, побрзи сме во секој случај. Тоа што треба да дојде е тимската хемија, се надеваме дека тоа ќе се случи многу брзо и ќе забележиме успех. Одиме чекор погоре, точно дека сме подмладена екипа, поатлетски сме градени од претходна сезона и пак ќе речам клучно ќе биде воигрувањето, актуелна е ковид ситуацијата зависно и од тоа, изјави Спејко.

 

Loading...

 

Годинава промени има во ростерот на клубот, но кога станува збор за стручниот штаб останува целосно ист како минатата сезона, на чело со тренерот Игор Ѓорѓиевски, кој вели дека тимот е комбинација на младост и искуство.

– Подоготовките во моментов течат добро, сите играчи се здрави и спремни како и што треба да бидат, нема повредени, нема заболени во оваа ситуација што е добро за тимот за понатамошните припреми. Оваа година ја направивме да биде екипата подмладена со два или три искусни играчи кои ќе им помагаат на младите за нивен напредок, изјави тренерот Ѓорѓиевски.

 

 

Тимот оваа година ќе има е пет странски играчи, кои ќе се ротираат за натпреварувањата во БИБЛ Лигата и ФИБА Еврокупот, додека тој број за домашните натпревари е ограничен на четворица странци, од кои тројца на терен.

 

Loading...

 

Капитен на тимот оваа сезона ќе биде младиот кумановец Ѓорги Георгиевски, кој вели дека подготовките се започнати во полн ек и се работи напорно.

– Сезоната ни почнува доста брзо, на 26ти септември гостуваме во Холандија каде го почнуваме Еврокупот. Имаме доста нови играчи оваа година, сите се добри и максимално вложуваат во секој тренинг, почнувајќи од најмладите, домашните играчи и странците. Мислам дека оваа година ќе ги оправдаме очекувањата и ќе одиме повеќе од тоа, вели Георгиевски.

 

Loading...

 

Тимот се очекува сезоната да ја започне во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ по што во текот на есетна ќе се префрли и во градската спортска сала каде реконструкцијата е во тек.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

текст/фото: Никола Ивановски