Ќерката и снаата на Трамп наводно биле интимни со припадниците на тајната служба

Сподели со своите пријатели

Во последните неколку години во Белата куќа се шушкаше дека ќерката на Доналд, Тифани и снаата, Ванеса Трамп имале интимни односи со своите телохранители, а сега тоа протече во јавноста.

Loading...

Новинарката и добитничка на Пулицерова награда Керол Леониг напиша книга наречена Zero Fail: The Rise and Fall of the Secret Service. Новинарите од Гардијан и Вашингтон пост добија делови од книгата во кои се споменуваат Тифани и Ванеса.

 

 

Во нејзината книга, Керол Леониг, меѓу другото, откри како Ванеса и Тифани биле интимни со агентите на тајната служба, кои биле задолжени да се грижат за семејството, додека Доналд Трамп бил претседател на Соединетите држави.

Според „Гардијан“, Ванеса започнала врска со еден од агентите кој се грижел за безбедноста на Доналд Трамп Џуниор, нејзе и нивните деца.

Не е познато како настанала аферата, но Ванеса поднела барање за развод во март 2018 година. Леониг во книгата наведува дека агентот не бил отпуштен или претрпел никакви последици во професионална смисла.

Loading...

 

 

Од друга страна, Тифани се дружела со друг агент, со кого поминала многу време сама, пишува Индекс.

Водачите на тајната служба тогаш биле, како што пишува во книгата, „загрижени за тоа колку Тифани се зближила со висок, мрачен и убав агент“.

На агентите инаку им е забрането да имаат интимни и лични односи со луѓето што ги штитат.

Leave a Reply