Ќерка го извела татко си во ноќен провод, а тој стана жива легенда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По видеото на неговата ќерка, еден татко стана омилен лик на социјалните мрежи. Со своите танцови потези го запали не само клубот во кој се наоѓаа, туку и интернетот.

Loading...

Ќерката се вика Талија и била на одмор во Мадрид, заедно со семејството. Таа сакала да излезе во клубот, а татко и ѝ понудил да оди со неа.

Излегле заедно, тој носел класична облека за татко – кошула, наочари и џемпер, но со своите танцови потези засени се во шпанската дискотека.

Според Мирор, тие заедно танцувале цела ноќ, а Талија го снимила својот татко додека тој ги пее сите популарни песни.

Поради нејзиното видео на TikTok, тој стана еден од омилените татковци на социјалните мрежи.

Тој испраќаше семејни селфи, танцуваше на модерна музика и испраќаше деловни мејлови попатно. Додека сите други пиеја текила, овој татко се држеше до кола и ништо не му недостасуваше.

Талија се пошегува дека нејзиниот татко „ги потсетува сите присутни дека тој е главниот лик“ танцувајќи до крајот на ноќта.

Ова нејзино видео има дури 10 милиони прегледи на TikTok, а многумина коментираат дека има кул татко.

Loading...

 

@taliascflash warning!!! @taliascdad iconic to say the least #madrid #espana #spain #clubbing #nightlife #dadsoftiktok

♬ Low (feat. T-Pain) – Flo Rida