Ќе успее ли ЖРК Куманово да ја презеде лидерската позиција вечерва?

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово се пред еден од најголемите предизвици во вториот дел од сезоната. Со почеток во 19:30 часот вечерва на домашен терен ќе ги одмерат силите со најголемиот ривал годинава, составот на ЖРК Металург.

Loading...

Два бода го делат составот на Куманово од заземање на првата позиција во табелата, на која моментално токму Металруг им бега со два бода.

Дерби натпреварот на 17то коло вечерва носи натнатост и неизвесност, а од управата на клубот ги повикуваат сите љубители на женскиот ракомет во градот да дојдат во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ и да ги бодрат своите сограѓанки.

Leave a Reply