Ќе се забрани продажба на кутии со 19 цигари и не смеат да се „лајт“

Сподели со своите пријатели

Единечното пакување на цигарите има форма на квадар со рамни или заоблени ивици и содржи најмалку 20 цигари, ова стои во најновиот нацрт закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. На пазарот до сега дел од кутиите цигари имаат по 19 цигари на број. Законот беше предложен уште лани, на текстот имаше коментари и забелешки, но и покрај тоа што беше објавена изменета верзија, се уште не го помина владиниот филтер, јавува порталот „Фактор.

Во нацрт законот стои дека се забранува пуштање во промет на пакувањата на цигари кои немаат форма на квадар, кои содржат помалку од 20 цигари, со исклучок на пакувањата на цигари кои што се наменети за извоз.

Исто така, не смее да се продаваат цигари кои содржат ознаки, зборови или изрази што упатуваат или сугерираат на тоа дека тој вид на приоизвод е помалку штетен па на кутијата е наведено дека е на пример Lowtar, light, mild, ultra light, односно малку катран, лесен, благ, ултра лесен и други слични ознаки.

Текстот е преземен од порталот Фактор.мк

Leave a Reply