Ќе се тестира и бебето на заразената кумановка која се породи вчера

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишната кумановката позитивна на коронавирус која вчера се породи на Клиниата за гинекологија во Скопје, моментално се наоѓа на Клиниката за инфективни болести, а од нејзиното бебе во текот на денот ќе биде земен брис за тестирање.

Loading...

Како што вели министерот за здравство Венко Филипче, многу се ретки случаите во светот на вертикално пренесување на вирусот од мајка на новороденче, но за секој случај ќе се земе брисот од бебето.

– Родено е машко новороденче, недоносено и во овој момент на интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство, изолирано е, не е на респираторна машина, туку само на кислородна покривка. Денеска и на бебето ќе биде земен брис иако консултиравме стручна литература во многу мал број на случаи има пренос на вирусот од страна на мајката, изјави Филипче.

Како што појасни министерот, станува збор за второ породување на жената, која на 30ти март во вечерните часови била примена со знаци на фетално страдание и намалена плодна вода. Истата била породена со царски рез.

Истата била спроведена на клиниката по посебна изолација, бидејќи постоеле симптоми на коронавирусот, биле земени брисеви и вчера резултатите биле позитивни.

Пациентката во тој момент била без температура, но укажала дека претходните денови имала температура, грозница и сува кашлица, а член на нејзиното семејство исто така имал симптоми кои укажувале на коронавирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply