Ќе се гласа и по 19 часот на местата каде сѐ уште ќе има гласачи

Сподели со своите пријатели

Метеж на дел од избирачките места се јавил денеска, додека на други привремен застој во избирачкиот процес поради фингерпринт уредите, па затоа дел од избирачките места вечерва ќе работат и по 19 часот со цел да гласаат оние кои веќе се наоѓаат на избирачките места.

Loading...

Ова денеска на прес конфернеција го најави првиот човек на Државната изборна комиесија, Александар Даштевски.

Според него причина за метежот е лошиот квалитет на отисоците на прсти на гласачите добиени од МВР и ковид-мерките.

– Метежот на дел од избирачките места ја натера Државната изборна комисија да донесе едногласна одлука дека на сите гласачи кои најдоцна до 19 часот ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место ќе им се овозможи да гласаат и по 19 часот, рече Даштевски.

Во 19 часот, како што појасни тој, може да се затвори влезот на дворот, но луѓето кои се нашле во дворот, во ходникот, ќе им се даде можност да гласаат

– ДИК е едногласна дека ќе се продолжи гласањето за сите луѓе кои ќе се најдат на тоа место, не само во просторијата туку и надвор во дворот затоа што тие луѓе не дошле да шетаат, туку да гласааат. Мора сите да гласаат, рече Даштевски.

Никола Ивановски