Ќе се бара помош од ДЗС за разчистување на селата во Козјачијата

Сподели со своите пријатели

Единствено регионалниот патен правец кон Република Србија, Граничен премин Пелинце е во можност за движење додека патните правци кои гравитираат кон селата во Козјачијата се делумно  или во општо непрочистени и потешко проодни.

Loading...

Досега нема поголеми проблеми во Општина Старо Нагоричане, но со зголемување на интензитетот на врнежите проблеми се очекуваат допрва. Во високите планински предели висината на снежната покривка е над 40 см и истата се зголемува.

– Реакции од месното население има, но сепак се работи за земјени патишта – макадами и за реакција на истите се потребни тешки градежни машини кои општината тешко може да ги обезбеди, така да на некои локални патни правци кои гравитираат кон високите планински села, се размислува да се побара подршка и помош од Дирекцијата за заштита и спасување.

Снабдувањето  со  струја  редовно, досега  немале   позначајни  настани  да   има  ниту  поплаки  од  мештаните.

Leave a Reply