Ќе падне ли Вардар пред засилените кумановки?

Сподели со своите пријатели

Куманово вечерва во 20 часот ќе биде центарот на ракометните случувања во Македонија, бидејќи ракометарките го пречекуваат составот на ЖРК Вардар во јубилјеното 10. коло сезонава.

Натпревар од особено значење за избраничките на тренерот Зоран Јосимовски со оглед дека ќе им овозможи зацврстување на втората позиција, со оглед дека на третата Вардар е со ист број бодови.

Победникот од овој меч ќе се доближи и до составот на Металург кој досега има само еден пораз и тоа токму од составот на ЖРК Куманово.

Заинтересираноста за мечот, како што потенцираат од управата е огромна, па ги покануваат сите во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ да дојдат најдоцна 15 минути пред стартот на натпреварот.

Leave a Reply