Ќе остане ли Куманово без дисперзираните студии за бизнис и администрација?

Сподели со своите пријатели

Министерството за образование и наука за време на викендот ја објави одлуката на Владата на Република Македонија за распишување Конкурс за упис на студенти на државните универзитети.

Оваа година како што објави МОН,  обезбедени се 26105 места за упис на студенти на државните универзитети и тоа 13953 места за редовни студенти во државна квота, 8367 места за редовни студенти со кофинансирање и 3785 места за вонредни студенти.

Со тоа обезбедени се доволно места за упис на сите заинтересирани матуранти, како и за други лица заинтересирани за студирање на државните универзитети, се наведува во соопштението на МОН.

Согласно одлуката на Владата, МОН наведува дека е донесена е одлука повторно да се активираат Родовите студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, кои 5 години беа ставени во мирување, како и студиите за Безбедност и евроинтеграциите на Факултетот за безбедност при УКЛО, кои исто така беа во мирување, односно укинување на дисперзирани студии.

Во Куманово, дисперзирани студии беа отворени во поранешната касарна каде е сместен Факултетот за бизнис и администрација, во склоп на Државниот Универзитет Тетово. Дали Владата со оваа мерка ќе го укине и единствениот факултет во градот каде што предоминатно се образуваа студенти од албанска националност, останува да се почека до уписите најавени за крај на август.

Една од новините е што од оваа година за прв пат се утврдени и квоти за упис на одредени студиски програми за студенти, чие родителско право го врши само еден родител, кои ќе плаќаат половина од износот на уписнината.

 

Loading...