Кит угина на Тајланд, откако проголтал 80 пластични ќеси

Сподели со своите пријатели

По обидот за спасување на китот кој проголтал повеќе од 80 пластични ќеси, животното угинало, соопштија надлежните служби на југот на Тајланд.

Младиот кит бил пронајден во близина на границата со Малезија, соопштило Министерството за поморство, а пренесуваат француските медиуми.

Над 150 китови се насукаа на брегот на Австралија

Loading...

Ветеринарен тим се обидел да го спаси, но на крајот китот угинал, се наведува во соопштението.

Резултатите од аутопсијата покажале дека несреќното животно во желудникот имало 80 палстични ќеси, со вкупна тежина од околу осум килограми, истакнуваат од Министерството.

 

 

Биологот и предавач на Универзитетот Касерсарт во Бангкок, Тон Тамронгнавасават, објаснува дека поради ќесите, китот не можел да зема храна.

Тајланд е една од земјите која траши најмногу пластични ќеси во светот, што секоја година доведува до смрт на стотина живи суштества кои го населуваат подарчјето во близина на посетените плажи на таа земја.

Ја снимаше девојка си додека плива, а тогаш под неа се појави ајкула (видео)

Секоја година најмалку 300 морски животни, меѓу кои и китови, морски желки и делфини, страдаат во тајланските води откако ќе проголтаат пластика.

Leave a Reply