Кипријановска и Јовановска од ЖРК Куманово во националниот дрес ќе играат против Србија

Сподели со своите пријатели

Јована Кипријановска и Марија Јовановска се двете ракометарки на Женскиот ракометен клуб Куманово кои ќе бидат дел од македонската репрезентација која заминува во Србија каде утре и во понеделник ќе одигра две контролни средби со селекцијата на Србија.

Loading...

Кирпијановска ќе даде се од себе на позицијата десен бек, додека Јовановска ќе ја брани мрежата на македонскиот гол.

Овие два натпревари, кои ќе се играат во Стара Пазова, ќе бидат тест за формата на ракометарките.

Македонија е прва резерва за Светското првенство во Шпанија и доколку некоја земја се откаже ќе има можност да игра на Мундијалот.

Никола Ивановски