Кинска подморница со екипаж допре до најдлабоката точка на Земјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинеската подморница „Фендуши“ успеа да стигне до едно од најдлабоките места на планетата, нуркајќи се до вртоглави темни длабочини од 10.909 метри, пренесува државната кинеска новинска агенција.

Loading...

За време на повеќемесечната експедиција која започнала на 10 октомври, Фендуши нуркал 13 пати во ровот Маријана – најдлабокиот дел од светските океани и најдлабокото место на Земјата на запад од Северниот дел на Тихиот океан, источно и јужно од островите Маријана, близу Гуам.

За време на осум нуркања, кинеската подморница успеала да се спушти на длабочина од 10.000 метри, а „Фендуши“ со екипажот успеал да достигне рекордна длабочина на 10 ноември – нуркајќи на длабочина поголема од висината на Монт Еверест, објави „Чајна дејли“.

Светскиот рекорд во длабочина сè уште го држи Виктор Весково, американски бизнисмен и пензиониран поморски офицер, кој нуркаше на длабочина од 10.934 метри во својата подморница „Лимитинг фактор“, а рекордот е потврден од Гинисовата книга на рекорди на 26 јуни.

Максималната длабочина што ја достигна „Фендуши“ (што на кинески значи да се стремиме) ја надмина длабочината што ја достигна режисерот на филмот Титаник, Џејмс Камерун, во 2012 година од 10.908 метри, но не успеа да достигне 10.912 метри како швајцарско-италијанско-американски пловниот објект „Трст“ на 23 јануари 1960 година.

Достигнувањето до дното на ровот Маријана е извор на национална гордост во Кина, која повеќе од една деценија инвестира во изградба на пловни објекти со екипаж што може да достигне длабочина од повеќе од 3.500 метри – што ја става Кина на листата на само неколку земји кои имаат такви пловни објекти.

 

Loading...

Leave a Reply