Кинезите слетаа на темната страна од Месечината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинеската вселенска програма оствари историски успех. Лунарна сонда денеска успешно слета на темната страна од Месечината.

Loading...

Како што пренесува кинеската државна телевизија, лунарната сонда Чанг’е 4 сетала во 10:26 по локално време. Мисијата на Чанг била набљудување и испитување на структурата и составот на теренот. Сондата е лансирана на 8 декември минатата година.

Сондата Чанг’е 3 во 2013 стана првото вселенско летало кое слета на Месечината по советската сонда Луна 24, која тоа го има направено во 1976 година.

Кина во мај лансираше комуникациски сателит преку кој сондата на Месечината ќе комуницира со Земјата. За следната година Кинезите планираат следување на Месечината со нова сонда која би требало да се врати со примероци, што исто така не е направено од 1976 година.

Поодалечената страна на Месечината секогаш е свртена од Земјата и претежно е неистражена. Кинезите не планираат да застанат тука, така да во блиска иднина очекуваат нови вселенски мисии.

Кинеската влада тврди дека вселенската програма нема воени амбиции, но Американците не им веруваат. Тие сметаат дека секоја кинеска акција во вселената има воена цел. Од таа причина НАСА добила наредби да не соработува со кинеската вселенска програма.

АМериканците веројатно тргнуваат од себе и своите амбиции во унивезумот. Иако, никој не знае што се крие на темната страна од Месечината. Некои дури сметаат дека тамо е последното упориште на Нацистите, како што е и во документарниот филм „Ајрон скај“.

Која и да е причината, Кинезите упешно зачекорија на Месечината. Од друга страна Американците таму не отишле уште од првото слетување кое го направил Нил Армстронг во 1969 година.

Loading...

Leave a Reply