Кинезите поради либидо, скоро па ги истребија морските коњчиња

Сподели со своите пријатели

Во кинеската традиционална медицина се верува дека морските коњчиња имаат силно влијание на либидото, слично како вијаграта, пишува CNN.

Loading...

Се продаваат на пазари, наредени во чинии или пластични кутии. Дел од масовната понуда сушени животни или растенија за кои многу Кинези веруваат дека лекуваат разни заболувања.

КОНТРОВЕРЗЕН ЕКСПЕРИМЕНТ: Кинезите имплантирале човечки гени во мозоци на мајмуни (ВИДЕО)

Биологот Сара Фостер, шеф на проектот „Сихорс“ на Унвиерзитетот Британска Колумбија, рекла дека податоцит епокажуваат оти во Хонг Конг од 2004 до 2017 ходина биле увезени околу две третини од целиот светски увоз на морски коњчиња, но дека тие се популарни во Кина, на Тајван и во Индонезија.

Иако нема точни податоци колку морски коњчиња останале во светот, експертите сметаат дека тие стануваат загрозен вид.

Кинезите за 9 часа изградија железничка станица (фото+видео)

Се работи за вид на риба, пливаат исправено и можат да им избегаат на непријателите така што добиваат боја на подводните растенија. Она што кај нив е особено необично е што мажјаците се тие кои се трудни. Женката полага јајца во стомачната вреќа на мажјакот, каде по оплодувањето, остануваат се додека не се развијат.

Фостер смета дека секоја година се ловат околу 37 милиони морски коњчиња и дека и покрај прописите кои се смислени да ги заштитат, тие и натмау се криумчарат во голем обем.

Loading...

Кинезите подготвени да платат и до 8.000 долари за еден скакулец, еве и зошто

Според податоците на истражувањата кои се спроведени вос ветот, бројот на популацијата на најмалку 11 видови коњчиња паднал меѓу 3о и 50 отсто во последните 50 години.

Leave a Reply