Кинезите оборија рекорд на Денот на самците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Денот на самците, познат и како Ден на двојни единаесетки 11.11. – го слават луѓето кои не се во брак. Денот на неприфатените и осамените со текот на времето стана најголемиот празник за купување преку интернет.

Loading...

Денот на самците е неофицијален и нетрадиционален кинески празник, но тој е многу популарен на интернет и пошироко.

Постојат неколку теории за неговото потекло, и општо е прифатено дека потекнува од Универзитетот во Нанџинг во 1993 година.

Четворица студенти во четвртата година секоја вечер се собирале во собите за да разговараат за тоа како да најдат партнерки. Во разговорот, тие дошле до идејата дека 11-ти ноември е добар ден да организираат некои активности што можат да ги означат како сингл, бидејќи тој датум се состои од четири единици, односно четири самци. Оттогаш, Денот на самците постепено се развива како еден вид забава на кампусот, проширувајќи се од универзитетот Нанџинг на други универзитети во сите делови на Кина.

Продажбата во продавницата на Алибаба во Тјенмао, кога беше означен полноќ на 11 ноември, достигна вредност од околу 1,43 милијарди американски долари за само една минута и 36 секунди, што е за 29 секунди побрзо од минатата година.

За 12 минути и 49 секунди продажбата достигна 50 милијарди јуани, додека минатата година за да се достигне таа сума биле потребни 26 минути и три секунди.

Денот на самците нема воспоставен начин за славење или стандардизирање на обичаите, а различни луѓе го слават на различни начини.

Сепак, активностите што се обележани се претежно собири, забави, шопинг, состаноци, свадби и слично.

Loading...

Со испраќање на текстуални пораки или на микроблогови, „Вичет“ и други социјални мрежи, се прават шеги и честитки за темата осаменост и пронаоѓање на партнер, но упатуваат и повик за собирање и состаноци на слепо.

Од друга страна, за брачните двојки, овие четири единици претставуваат единство, а вообичаени фрази се „еден сопруг – една жена“, „една двојка – едно семејство“ и „еден живот – еден свет“, „едно срце – една мисла“ го слави овој ден како празник на лојални партнери.

Затоа многумина избираат овој ден да добијат дозвола за брак.

Некои млади луѓе, на овој ден ја прославуваат и независноста од своите родители.

За сите што слават, многу компании – особено оние што продаваат оналјн – нудат промоции и попусти. Почнувајќи од 11.11.2009 година, кинеската онлајн продавница „Таобао“ и нејзината филијала „Тјанмао“ (кинески верзии на „Алиекспрес“) беа првите што го промовираа таканаречениот трговски фестивал. Оттогаш, другите онлајн продавници постепено се придружуваат, а со тоа, Денот на самците постепено се развива во празник за купување преку Интернет.

Продажбата на „Тјанмао“ достигна 36,2 милијарди јуани во 2013 година, при што заработката од вкупната продажба на интернет во Кина достигна 8 милијарди американски долари, и со тоа направија двојно поголема зараобкта од онлајн купувањето во САД на Сајбер понеделник и Црн петок.

На денот на самците во 2015 година, продажбата во Тјанмао достигна 9,12 милијарди јуани, а истовремено урна девет Гинисови рекорди, вклучувајќи го и бројот на продадени мобилни телефони.

Оваа година, 24-часовниот шопинг фестивал започна со појавување на американската поп ѕвезда Тејлор Свифт.

Loading...

Невладините организации и групите за животна средина со години го критикуваат овој настан заради големата количина отпад од пакување генерирана од продажбата преку интернет.

Leave a Reply