КИНЕЗИТЕ НАПРАВИЈА ЧУДО: Патот до Марс ќе трае само 10 недели (видео)

Сподели со своите пријатели

Кинеските научници успеале да направат прототип на невозможен мотор на кој не му треба гориво. Се работи за концепт кој се спротивставува на познатите закони на физиката и кој би можел да ги одведе луѓето на Марс засамо 10 недели, пишува „Дејли мејл“.

Видеото го објавила службената кинеска агенција за вести CCTV, под наслов „Погон без гориво: Кинескиот ЕмПогон кој го направил CAST научникот др. Чен Јуе, Кинеска вселенска агенција“.

Во снимката се тврди дека кинеските научици успешно го развиле ЕмПогонот и дека наскоро ќе го испратат во вселената. Иако не се наведуваат никакви технички спецификации на уредот.

ЕмПогон е мотор кој предизвикува притисок без потреба за гориво. Наместо тоа, користи микро бранови кои како за секоја акција мора да постои еднаква и спротивна реакција.

Да се биде поинтересно, не е прв пат Кина да тврди дека има ЕмПогон.

Минатиот декември CAST (China Academy of Space Technology – Кинеска академија за вселенска технологија) потврди дека владата финансира развој на оваа технологија уште од 2010 година. Утврдиле и развиле уред кој веќе се тестира во низската Земјина орбита.

Ли Фенг, главниот CAST на бирото за комуникациски сателити, изјавил дека кинеските експерти изградиле прототип кој успеал да развие неколку минијатурни притисоци.

За да погонот може да се користи на помал сателит, притисокот би можел да биде од 0.1 до 1 њутни.

Loading...