Кинезите купуваат и ретки видови руска нафта

Сподели со своите пријатели

Кина почна да купува ретки видови руска нафта, а ваквиот пресврт на кинеските енергетски компании може да доведе до намален обем на увоз од Ирак.

Loading...

Според Блумберг, Кина увезува широк асортиман на руска сурова нафта, вклучувајќи ја и помалку познатата сорта Арко, исто како што азискиот и светскиот гигант го удвојува купувањето на „црното злато“.

Купувачите „грабнале“ три пратки сурова нафта од Арктикот, вклучувајќи ја и сортата Арко богата со сулфур и густина, пренесува Независне новине.

Трговците веруваат дека купувањето може да помести некои барели од Блискиот Исток, како што е ирачката Basra Heavy.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Во Мурманск танкери се полнат со сорти Арко, Варандеј и Нови Порт, пишува Блумберг.

Претходно, руската арктичка нафта беше испорачана во Европа, која на 5 декември го забрани увозот на нафта од Русија (освен онаа што пристигнува преку цевководи), поради преголемата зависност од руската нафта на одредени членки на ЕУ.

„Во тек е преориентацијата на арктичката нафта“, вели експертот за нафта Виктор Катона.

Во Индија одат и танкери натоварени во Мурманск.

Loading...

Откако ЕУ го забрани увозот на руска нафта, а Г7 и ЕУ воведоа плафонска цена од 60 американски долари, нафтата се испраќа од Мурманск и балтичките пристаништа до азиските земји или Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?