Кинеските научници пронајдоа потенцијални траги од вода на Марс

Сподели со своите пријатели

Тим кинески научници пронашле можни траги од вода на Марс, покажа нивната студија објавена во научното списание Nature.

Loading...

Нивните наоди се засноваат на податоците собрани од првата кинеска мисија на Марс, Тианвен-1, за време на која роверот слета на површината на Црвената планета, јавува China Radio International.

Роверот, наречен Жужонг, е опремен со радар кој може да скенира подземни материјали по неговиот пат – прво во светот. Тој патувал 1.171 метар во првите 113 марсовски денови.

Радарот може да скенира длабочина до 80 метри. Иако не нашол директен доказ за вода, тој открил слоеви на земја кои очигледно биле обликувани од водената активност кои датираат од пред околу 3,5 до 3,2 милијарди години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Момче дух“: Поминал 13 години заробен во сопственото тело, па се разбудил од кома

Според студијата, водените активности би можеле да бидат антички поплави.

Научниците открија дека сѐ уште е рано да се исклучи постоењето на мешавина од мраз и сол на Марс.