Кинескиот милијардер доби шамар од Американците

Сподели со своите пријатели

Кинескиот милијардер Џек Ма се откажа од купувањето на американската компанија за трансфер на пари „MoneyGram“ откако не добил зелено светло до Вашингтон.

Се работи за договор вреден 1,2 милијарди долари, а тоа одбивање е нов пример за заострување на американската контрола врз американските инвестиции.

„MoneyGram“ и групацијата „Ant Financial Services“, во сопственост на тој кинески милијардер, не успеале да добијат согласност од Одборот за странски инвестиции во САД и покрај настојувањата да одговарат на барањата на тоа тело, наведува извршниот директор на компанијата, Алекс Холмс.

Одборот ги разгледува предлозите за преземање американски компании според критериумите за национална безбедност, додава американската агенција и оценува дека оваа одлука претставува пречка за амбициите на кинескиот бизнисмен за ширење на светските пазари.