Кинескиот хоризонтален облакодер наскоро ќе биде завршен

Сподели со своите пријатели

Се ближи крајот на работите на архитектонскиот бисер „Рефлс сити“ во кинескиот град Чунгкинг.

Loading...

Проектот кој го осмилил светски познатиот архитект Моша Сафди содржи 1,12 милиони квадратни метри простор, а се состои од осум станбени кули и џиновски мост, која  наречен „хоризонтален облакодер“.

Долг е 250 метри, а кога ќе биде отворен ќе има голема галерија од која ќе се пружа поглед на целиот град, врвотите, „инфинити“ базен и бројни ресторани.

Како сето тоа да не е доволно, ноќе ќе се претвора во огромна лампа, осветлувајќи го небото во спектакуларни снопови.

Во комплексот ќе има и трговски центар со површина од 230.000 квадратни метри, 1.400 станбени апартмани, луксузен хотел и 160.000 квадратни метри раскошен бизнис простор.

Leave a Reply