Кинески град регистрираше нови заболени, забрането напуштање домови во 55 квартови

Сподели со своите пријатели

Кинескиот град Манџули во Внатрешна Монголија забележа 53 нови локално пренесени случаи на ковид-19 во изминатите 24 часа, според локалните здравствени власти.

Loading...

Во текот на изминатите пет дена, Манџули масовно ги тестираше своите 300.000 жители како дел од напорите да се запре ширењето на локалната епидемија на Ковид, јавува Си-Ен-Ен.

Градот, кој граничи со Русија, досега потврди 151 локално пренесена инфекција, додека соседната област Јалаинур идентификуваше уште 32 случаи, според Си-Ен-Ен.

На жителите во 55 градски окрузи им е забрането да ги напуштаат своите домови, додека оние во остатокот од Манџули не можат да ги напуштат своите заедници, соопшти кинескиот центар за превенција и контрола на епидемијата.

Последниот круг од епидемијата започна на 27 ноември, кога беа идентификувани три асимптоматски случаи во Манџули.