Кинеската вселенскa станица се сруши на Земјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тијангонг-1, Кинеската вселенска станица, се сруши на Земјата над Пацификот.

Кинеската станица се врати во атмосферата на Земјата во понеделник помеѓу 8:11 и 9:33 часот наутро по локално време (00:11-01:33 по GMT, односно помеѓу 2:11 и 3:33 часот по ноќно време) над Пацификот.

Поголемите делови од вселенската станица изгореле од атмосферското триење при самиот пад. До Земјата пристигнале најситните делови.

Првата кинеска вселенска аница лансирана е во септември 2011. година, Тијангонг-1 чие име значи „Небесна палата“, дга е 10,4 метри и широка 3,3 метри. Се состои од експериментална лабораториа, сервисен модул и две соларни плочи со големина 3х7 метри секоја и дел од амбициозниот кинески вселенски програм кој има за цел во орбитата да испрати постојана станица до 2023. година. Оргинално е планирано дека станицата ќе прекине со раота во 2013. година, но нејзината мисија постојано била пролонгирана.

Требаше контролирано да се врати во атмосферата на Земјата во март 2016. година, но престана да работи, што потикна загриженост во врска со нејзиниот пад.

Loading...

Leave a Reply