Кинеската валута сите ја нарекуваат ЈУАН, но кое е нејзиното вистинско име?

Сподели со своите пријатели

Кина има долга, слобно може да се каже, повеќевековна традиција на затвореност кон светот кој лежи надвор од нејзината непосредна сфера на влијание на Далечниот исток. Самоизолацијата во која се вдоми пред пет векови е прекината во 19 век со насилно мешање во нејзините внатршени прашања од страна на големите сили, во прв ред европските, а на крајот и Јапонија и Америка, и дури тогаш Кина донекаде се отвора по револуцијата и воспоставувањето на републиката.

Откако на власт пристигнуваат комунистите, таа спомената самоизолација, затвореност кон остатокот од планетата, добива целосно ново значење, а сега Народна Република Кина станува скоро непробојна тврдина во која малку се знаело, слично на денешна Северна Кореја, можеби не баш во толку драстична мера.

Со супербрз воз од Хонг Конг до Кина за 14 минути (ВИДЕО)

Loading...

По скоро цели четири децении таква политика, Кина конечно започнува да се отвора, што било условено од нејзиниот обрг во економската политика која постепено започнала од социјалистичко префрлување на капиталистички модел и нејзино тежнеење да се самоизгради во најмоќната економска сила во светот – пат на кој оваа најголема нација во светот и натаму се наоѓа.

Кина денес е непрепознатлива во однос на земјата каква што била кон крајот на осумдесеттите години: со облакодери, модерни светски градови кои нималку не заостануваат зад западните примери, туку, кои своите западни идоли по многу работи ги надминале. Кина со ширум раширените раце ги дочекува странските посетители и туристи, има многу државни телевизиски канали насочени на странското гледиште на кои го гради својот нов имиџ и расипа и корисни и бескорисни информации за себе (ако бескорисните информации воопшто и постојат).

Излгеда дека нема повеќе ништо, барем што се однесува до темелните работи, кои не-Кинезите би можеле да ги изненадат и зачудат, изгледа дека не постои ништо што е банално и достапно, а повторно непознато за глобалната јавност. А сепак, такво нешто постои, и побанално не може да биде.

Првите денови од пролетта Кина изгледа како од бајките (ВИДЕО)

Тоа нешто се однесува на името на кинеската валута, која „лаиците“ (во овој случај, луѓе кои не се финансиски и економски експерти) ширум светот ја нарекуваат „јуан“ иако таа воопшто не се вика така.

Поточно да бидеме прецизни, јуан е назив на монетарната единица на кинеската валута, која се нарекува „Ренминби“. Така гласи името на тамошната народна валута. „Народна“ затоа што зборот „ренминби“ во буквален превод значи „народна валута“.

Значи, јуан е монетарна единица на ренминби и поделена е на десет „џиаоа“ додека „џиао“ е поделен на десет фени. Еден џиао е десетина од јуан, а Народната банка на Кина печати банкноти и кове монети во износи од еден, два и пет џиаоа, што истото важи и за фен.

Со нашата валута тоа е тешко споредливо, затоа што ние имаме денари и тоа е се, но во извесна смисла може да се направи паралела со британската валута, па односот помеѓу ренминби и јуан донекаде е сличен на односот помеѓу стерлинг и фунта.

Кина тргнува во војна со стриптизот на погреби (ВИДЕО)

Официјалниот назив на британската валута е „фунта стерлинг“, каде фунтата може да се третира како мерка, а стерлинг она што се мери. Сребреите монети познати како „стерлинзи“ издавани се во саксонските кралства, 230 од нив биле ковани од една фунта на сребро (1 фунта=453.59237 грама).

Во меѓрународен контекст, ренминби скоро по правило се нарекува „кинески јуан“, иако во сама Кина тоа не е случај, каде ренминби се нарекува „деда Мао“, со оглед дека на банкнотите на јуан кои се печатат во вредност од еден, пет, десет, дваесет, педесет и сто секогаш се наоѓа Мао Цетунг.

Дури и меѓународната ISO ознака на ренминби е прилагодена на тоа и гласи „CNЅ“, односно кинески јуан“, иако често ќе ја сретнете кратенката „RMB“, иако јуан се користи само како синоним за ренминби, Кинезите не инсистираат, не комплицираат. Впрочем, грешка и не постои затоа што ренминби е назив за целата валута, а не некои конкретни банкноти, која може да биде јуан, џиао и фен.

Полицијата во Кина носи очила за препознавање криминалци (ФОТО)

Меѓутоа, бидејќи од јуанот се започнува, каок што кај нас од денарот, употребата на тој поим како синоним за ренминби е оправдана. Притоа и називот „ренминби“ е понов, воведен во 1948. година со доаѓањето на власт на комунистите, додека јуанот е во употреба веќе 2.000 години. Неговото име на мандарински јазик значи „кружен објект, кружна паричка“.

Leave a Reply