Кинеска ракета надвор од контрола, никој не знае каде ќе падне: Пентагон нема да ја уништи, Москва е сигурна дека нема да падне врз Русија

Сподели со своите пријатели

Лидерот на Пентагон Лојд Остин изјави дека нема да ја уништи кинеската ракета, која треба да се врати во атмосферата неконтролирано викендов, индиректно критикувајќи го Пекинг за губењето контрола над леталото.

Loading...

„Според последните проценки што ги видов, враќањето е планирано за 8 или 9 мај“, рече американскиот министер за одбрана на прес-конференција. “Засега, не планираме да ја уништиме ракетата. Се надеваме дека ќе падне таму каде што нема да му наштети на никого, во океанот или на некое слично место”, додаде тој.

 

 

Минатата недела, Кина го лансираше првиот од трите модули на својата вселенска станица CSS со ракетата „Лонг март 5Б“. Овие денови ракетата би требало да слета на Земјата и никој не знае каде.

Откако го оддели вселенскиот модул, фрлачот започна да кружи околу Земјата во неправилна траекторија, полека губејќи ја надморската височина, што всушност го прави невозможно да се предвиди кое било место за влез во атмосферата, а со тоа и местото на нејзиниот пад.

Можно е да се распадне во атмосферата и да остави само остатоци зад себе. Ако не остане недопрена, голема е веројатноста да падне во морето затоа што водата сочинува 70 проценти од планетата.

Loading...

Остин, без директно да ги именува кинеските власти, навести дека лансирањето на кинеската ракета не е планирано доволно прецизно, пренесува Јутарњи лист.

 

 

„Тоа сведочи за фактот дека оние меѓу нас кои дејствуваат во вселената мора или треба да дејствуваат безбедно и промислено и да го земат предвид сето ова при планирањето на операцијата“, додаде тој.

Ова не е првпат Кина да ја изгуби контролата над вселенскиот брод по враќањето на Земјата. Во април 2018 година, вселенската лабораторија Тиангонг-1 се распадна кога минуваше низ атмосферата. Кинеските власти тогаш негираа дека изгубиле контрола.

Во меѓувреме, пренесува Спутник, директорот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, на својот канал на Телеграм објави мапа за можната област на падот на делот од кинеското лансирно возило CZ 5B.

Роскосмос верува дека дел од ракетата може да падне на Земјата на 8 мај. Според објавената мапа, таа дефинитивно нема да падне на територијата на Русија.

Loading...

Сепак, Вашингтон, Рим, Мадрид, Пекинг, Токио и појужно, вклучително и целата територија на Африка и Австралија и поголемиот дел од Јужна Америка, влегоа во можната зона на падот.

 

Leave a Reply