Кина забележа најмал дневен број ковид случаи во два месеци

Сподели со своите пријатели

Кина во петокот го потврди најмалиот локален број на дневни случаи на Ковид-19 за речиси два месеци, по воведувањето на национална стратегија за затворање цели заедници и деловни активности.

Loading...

Кина имаше 23 локални преноси во четвртокот, во споредба со 43 претходниот ден, четврти последователен ден кога бројот на локални симптоматски случаи паѓа, а исто така е најмал број на дневна основа од 29 ноември минатата година.

Централната провинција Хенан и северниот град Тијанџин, двете области со најмногу локални преноси во Кина во последните десет дена, вчера имаа помалку од десет случаи.

Пекинг пријави пет случаи во четвртокот, нешто повеќе од претходниот ден кога имаше три.

Не се пријавени нови смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата, континентална Кина има 105.484 случаи на инфекција, и локални и увезени од странство.