Кина воведе даноци за 120 американски производи

Сподели со своите пријатели

Кина воведе увозни даноци на месо, овошје и други производи од САД како одговор на американската увозна даночна политика за челик и алуминиум кои ги воведе претседателот Доналд Трамп.

Министерството за трговија на Кина најави дека новите увозни даноци за повеќе од 120 американски производи започнуваат да се применуваат од денеска, анведува АП.

На свинското месо од САД данокот ќе биде 25 отсто, додека на останатите производи и услуги, вклучувајќи ги овошјето, ќе биде воведен данок од 15 отсто. Стоката на која се воведени таксите е вредна три милијарди долари.

Одлуката за воведување даноци е донесе по повеќенеделните предупредувања на кинеските власти до Вашингтон да ги преиспита увозните даноци од 25 отсто начелик и 10 отсто на алуминуум.

Иако метата на американската такса е Кина, која го преплавува светот со евтин челик и алуминиум, а САД тврдат дека „крадат технологија“ или присилуваат странски фирми да и го препродаваат, таамерка ќе погоди и многу други земји.

На некои земји, меѓу кои членки на ЕУ, Канада и Мексико, администрацијата на Трамп им одобри привремено изземање од плаќање на новите даноци до завршувањето на преговорите.

Лидерите на 28 европски земји, предупредија дека, додека Вашингтон не обезбеди целосно изземање на даноците за ЕУ, ќе го задржат праводо да одговорат на САД со соодветни мерки и на пропорционален начин.

Leave a Reply