Кина во орбитата испраќа вештачка Месечина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ново, алтернативно на старото, досадно улично осветлување ќе биде вештачката месечина која ќе осветлува делови на југостична Кина.

Кина планира во вселената да лансира сателит кој би осветлувал до 80 квадратни километри на земјата под себе. Вештачката месечина, како што ја нарекуваат, во состојба е да го замени уличното осветлување и веќе некое време е во развој, пишува Мирор.

Светлината која ќе ја произведува тој сателит ќе биде осум пати посилно од онаа на вистинската Месечина. Притоа, за разлика од вистинската, оваа светлината на оваа Месечина ќе може да се управува, за да се осветлуваат од 10 до 80 квадратни километри.

Кина прави парк за панди вреден 1,27 милијарди долари (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

Сателитот ќе се фокусира на градот Ченгду, еден од трите најнаселени во западна Кина. Во тоа подрачје живеат околу 14,5 милиони луѓе.

Проектот го развива Институтот од Ченгду кој очекува лансирање до 2020 година.

Но некои изразуваат загриженост како толку силната светлина ќе влијае на дивите животни на осветлено подрачје. Договорот е дека оваа Месечина создава светлина на ниво на самрак, па не се разликува баш од светлината на вистинската.

https://youtu.be/7s6pttz2xjk

Leave a Reply