Кина: Вашингтон не ги научи лекциите од Авганистан

Сподели со своите пријатели

Американските власти не извлекоа лекции од пропаѓањето на нивниот обид за демократизација на Авганистан и бегството на САД и нивните сојузници од земјата, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин во изјавата по повод годишнината од влегувањето на талибанците во Кабул.

Loading...

– Моментот во Кабул го означува колапсот на наметнатиот обид на САД за спроведување на странска демократизација. Патот на демократијата на секоја земја може да се движи само независно од нејзиниот народ, во согласност со националните услови – истакна Ванг.

Тој потсети дека САД и нивните сојузници го окупираа Авганистан 20 години само за да остават се и да побегнат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици илјади луѓе протестираа во Аргентина

Ванг истакна дека од крајот на Студената војна, САД извршиле инвазија на различни земји ширум светот под изговор на демократијата и човековите права и предизвикале конфликти врз основа на сопствените геополитички интереси.

– Луѓето ширум светот беа против тоа. САД не успеаја во Авганистан, но ништо не ги научија – нагласи Ванг.

Ванг исто така изјави дека САД не само што замрзнале седум милијарди долари од авганистанските девизни резерви, што создало пречки за обновата и развојот на Авганистан, туку и никогаш не престанале да се мешаат во внатрешните работи и да вршат политички манипулации во име на демократијата и човековите права.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ова се гледа еднаш во 100 години!“: Кина погодена од застрашувачки поплави! (ВИДЕО)

На 15 август минатата година, како дел од операцијата за преземање на власта во Авганистан, талибанците влегоа во Кабул без борба, откако тогашниот претседател Ашраф Гани се повлече од власт и побегна од земјата.

Потоа, САД почнаа да ги повлекуваат трупите од Авганистан, што заврши во септември, со што заврши американската воена мисија во таа земја која траеше речиси 20 години.

Loading...