Кина: Странските политичари кои го поддржуваат Тајван си играат со оган

Сподели со своите пријатели

Кина повторно се закани дека ќе го нападне Тајван и предупреди дека странските политичари кои комуницираат со властите на островот „си играат со оган“.

Loading...

„Ги повикуваме земјите да престанат да испраќаат погрешни сигнали до сепаратистичките сили за независност на Тајван и да престанат да си играат со оган за тајванското прашање“, изјави денеска за новинарите Ма Ксијаогуанг, портпарол на кинеската канцеларија за прашања на Тајван.

Тој додаде дека Кина во новата година е посветена на „чување на суверенитетот и територијалниот интегритет“ и „разбивање на заговорот за независност на Тајван“.

Тајван се одвои од Кина, која не го признава како држава, во 1949 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

„Злонамерната поддршка за независноста на Тајван меѓу антикинеските елементи во неколку странски земји е намерна провокација“, рече портпаролот.

Поради серијата посети на странски политичари на Тајван во последните месеци, Кина почна да спроведува воени вежби како демонстрација на моќ.

Оваа недела војската на Тајван организира вежби кои имаат за цел да ја уверат јавноста во нејзината способност да се спротивстави на кинеските закани, пишува АП.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...