Кина: САД ни ставаат нож под грло, губиме и едните и другите

Сподели со своите пријатели

Продолжението на кинеско-американските трговски преговори е отежнато откако САД и ставаат на Кина „нож под грлото“ изјави заменик министерот за трговија на Кина, Ванг Шоувен, пренесува РОјтерс.

Се наведува дека Ванг на конференцијата за медиуми рекол дека датумот кога преговорите во целост ќе бидат обновени зависи од „волјата на САД“.

Ројтерс наведува дека во Њујорк, во обраќањето на состанокот на претставиците на Бизнис светот на САД и Кина и Националниот комитет за американско-кинески односи, кинескиот минситер за надворшени работи и државен советник Ванг Ји оценил дека со конфликтот на Кина и САД губат двете страни, но додал и дека преговорите со Вашингтон не можат да се одвиваат под закани и притисок.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Ванг рекол дека одредени сили на САД упратуваат неосновани обвиненија на сметка на Кина по прашањето на трговијата и безбедноста.

Leave a Reply