Кина продолжува со олеснување на ковид мерките

Сподели со своите пријатели

Кина продолжи да ги олеснува мерките против коронавирусот во многу региони и градови пред очекуваната промена на политиката за „нулта толеранција на ковид“, откако избувнаа протести во неколку кинески градови поради строгите правила за ковид.

Loading...

Нерамномерното олеснување на ковид ограничувањата ги поттикна стравувањата кај некои жители од заразување со вирусот, кој властите постојано го опишуваа како смртоносен до оваа недела, пренесува Ројтерс.

Некои градови сега бараат поретко тестирање и дозволуваат блиски контакти на заразени луѓе да се стават во карантин дома, објавија државните медиуми.

Нерамномерното олеснување на мерките создаде некои нови проблеми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

– Утре одам на одмор и морав да барам место за да се тестирам за ковид бидејќи уште ми треба потврда не постара од 48 часа за да се качам во авионот, но повеќето станици за тестирање се отстранети, вели за Ројтерс дипломат од странскиот конзулат во Гуангжу.

Аптеките во Пекинг објавија зголемено купување на маски N95 оваа недела, кои нудат многу повисок степен на заштита од оние за еднократна употреба.

Најранливи се чувствуваат постарите лица, од кои многумина се сè уште невакцинирани. Ши Веи, жител на Пекинг кој боледува од рак на лимфните жлезди, поголемиот дел од времето го поминува во изолација, но сепак се грижи дали ќе се зарази.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

– Можам само да се молам Бог да ме заштити, изјавил тој на новинарот на Ројтерс.

Loading...

Политиката на „нулта толеранција на ковид“ на Кина ја загрози нејзината економија, ја забави домашната потрошувачка, фабричкото производство, но и глобалниот синџир на снабдување, наведува Ројтерс.

Незадоволството поради најстрогите ограничувања во светот поттикна десетици протести во повеќе од 20 градови во последниве денови, во знак на граѓанска непослушност што не е забележана откако претседателот Си Џинпинг ја презеде власта во 2012 година, според Ројтерс.