Кина: Одбиваме политички манипулации, САД да ја почитуваат науката

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на денешната конференција рече дека Кина „силно се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација“ под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот.

Loading...

„Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот“, рече Мао Нинг, пренесува ТАСС.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина вака реагираше на неодамнешните тврдења на шефот на ФБИ, Кристофер Реј.

Раџ рече дека ФБИ дошло до заклучок дека пандемијата на корона вирусот најверојатно настанала како резултат на инцидент во кинеска лабораторија во Вухан, пренесе Ројтерс.

Тој ја обвини кинеската влада дека „прави се за да ги спречи и попречи“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата, додава британската агенција.