Кина испратила 39 авиони и три брода во правец на Тајван во последните 24 часа

Сподели со своите пријатели

Кинеската војска испратила 39 авиони и три брода во Тајван во последните 24 часа во демонстрација на сила насочена кон островот, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.

Loading...

Кинеското воено малтретирање на автономниот остров, кој го смета за своја територија, се интензивираше во последниве години, а кинеската војска речиси секојдневно испраќа авиони или бродови кон островот, наведува АП.

Вчера и денеска 30 кинески авиони ја минаа средината на Тајванскиот теснец, неофицијална граница која некогаш премолчено беше прифатена од двете страни, соопшти тајванското Министерство за национална одбрана.

Авионите полетале на југозападниот дел од островот, а потоа на југоисточната страна пред да се вратат, според дијаграмот на патеката на летот обезбеден од Тајван. Меѓу авионите имало 21 бомбардери Ј-16, четири бомбардери Х-6 и два авиони за рано предупредување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Тајван рече дека ги надгледувал движењата на Кина преку својот ракетен систем базиран на копно, како и преку своите морнарички бродови.

Кинеската војска одржа големи воени вежби во август како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

Пекинг ги смета посетите на претставници на странски влади на Тајван како де факто признавање на островот како независен и предизвик за суверенитетот на Кина над островот.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...