Кина го активираше роверот на темната страна од Месечината

Сподели со своите пријатели

Кинескиот лунарен ровер „Јуту 2“ продолжи со своите активности на темната страна на Месечината по пет дена хибернација поради студенило.

Loading...

– Попладневната дремка е завршена, се разбудив и тргнувам, објави роверот на својот официјален профил на социјалната мрежа Веибо.

Според наводите на кинеската вселенска агенција CNSA, „Јуту2“ во сабота е изгасен за да се заштити од ледените температури на темната страна од Месечината.

Роботот на далечинско управување тежок 140 килограми треба да ја фотографира сондата „Чанге“ која го има донесено на Месечината.

Опремен со голем број инструменти, роверот треба да спроведе истражувања за радиобранови со ниска фрекфенција, минерални ресурси…

Тоа е втор пат Кина да испраѓа истражувачка машина на Месечината.

„Јуту“ во 2013 година пристигна на површината на Месечината и беше активен уште 31 месец на светлата страна од Месечината.

Ниту една сонда или ровер досега не биле на студената страна на Месечината, каде владее вечен мрак.

Loading...

Leave a Reply